Празничен Охрид се полни со гости и стравува од експлозија на Ковид-19

Појавата на омикрон варијантата на коронавирус во нашата земја ја зголемува опасноста од брзо ширење на заразата, посебно во овој период од годината кога туристички Охрид празнично се полни со гости. Лекарите загрижени, од сите досегашни искуства, забавите и прославите и се’ она што е неконтролирано,нормално дека ќе го покачи бројот и на хоспитализирани и на позитивни случаи во охридскиов регион. Нови рестриктивни мерки нема, а постојните не се почитуваат.

„Што ако некој не се придржува, што ние ќе направиме со тие хотели, угостителски објекти, кои апсолутно ништо нема да почитуваат, тука е проблемот. Мене како менаџер или директор на општата болница Охрид ме интересира само бројот, колку ќе стигнат до кислород и колку ќе има болнички лежаи. Тоа единствено нешто најповеќе ме интересира за да не дојде до оптоварување на самиот болнички систем“, вели д-р Горан Балев-дур.на општа болница Охрид.

Со жива музика, угостителските објекти предновогодишно се полни, а како одминуваат деновите се зголемува интересот за празнување во Охрид. Дел од хотелите се целосно исполнети.

„Гостите ќе бидат од Бугарија,Србија, а секако и домашни гости.Во делот на организација, дел од гостите ќе бидат со дочек, дел од гостите ќе бидат само со сместување“, рече Тоше Чочороски-хотелиер.

„Она што ни се случи ланската година, комплетниот локдаун, оваа година би сакале некако на некој начин да го надоместиме и секако во прилог ни оди тоа што како што ги гледаме последните збиднувања нашата земја некако одолева на овие налети на новите соеви на ковид“, вели Михаил Мишев-еснаф на угостители.

Почнувајќи со дочекот за Нова година, па се до крај на јануари Охрид е полн со настани и празнувања-амбиентот лесно може да ве понесе, ни прашање е кој може тоа да го контролира? Познавајќи го менталитет на Охрид и на гостите тешко дека ќе може инспекциска служба да спроведат ред, велат охридските лекари, загрижени дека празничната еуфорија сепак ќе ги наполни болничките кревети.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста