Празна каса, огромен јавен долг, сиромашни граѓани – што остави власта во заминување?

Празна каса, огромен јавен долг, сиромашни граѓани – што остави власта во заминување?

Министри се менуваа, амбициите растеа, проектите  баш не им „тргнаа од рака“  –  11  шефови на 4 ресори за седум години . Две политички и две технички Влади – што се смени во економијата?

Еден од оние кој го  задржа министерското столче е Крешник Бектеши.  Во неговиот седумгодишен мандат се случија четири кризи – здравствената, енергетската, економската и воените конфликти во Украина и на Блискиот исток и од кои се чини Македонија го извлече подебелиот крај – видовме невидени слики на празни равтови како во 90-тите, редици по бензиски пумпи, цени одмрзни – замрзни . Не се знаеше дали ќе имаме парно или не, цената на струјата е речиси двојно поскапа, а болката на најсиромашните се лечеше со минимални ваучери за домашни производи и со одмор во Дојран.

Во последната година Бектеши како да почна да го врти грбот на коалициониот партнер, па му се случи колегите во Владата да кажат дека ги излажал за спојување на концесиите за Иловица – Штука, а го видовме и неговиот спротивен став на таканаречените стратешки проекти кои ги туркаше Владата.  

Најголемата болка во транспорт е автопатот Кичево – Охрид . Ни по седум години и двајца министри од СДСМ , Горан Сугаревски и Благој Бочварски не видовме нови 57 километри. Блех музиката и чочекот кога дојдоја на власт само наговести дека во секторот ќе гледаме реконструкции и закрпени дупки, а не нови автопати

Чочекот се изигра, одговорности се посочуваа и се ветуваше, но реализација иако веќе се пакуваат од Илинденска не си дочекавме

Ама си дочекавме потпис на еден од најконтроверзните договори . Изградбата на Коридорите од страна на „ Бехтел и Енка“ одлеа само милиони од буџетот, донесе протести од граѓаните, две табли, шарена експлозија и ниту еден одговор што се крие во тајниот договор

Тројца различни луѓе не го средија хаосот во земјоделството.  Земјоделците повеќе беа на улица одколку на нива .  Па така пиперките во Струмица завршија на буниште, оризопроизводителите  на улица, одлегувачите на свињи исто така, а пред колапс беше и кравараството .  Производителите на млеко почнаа да го продаваат по социјални мрежи бидејќи откупната цена не им се исплати за маката. Но, сето ова не беше посебна причина актуелниот министер Љупчо Николовски во чиј мандат кулминараше ситуацијата да понесе одговорност, цело време зборуваше дека носи мерки и се грижи за граѓаните. Уште  кога ја презеде функцијата од дотогашниот имаше став дека треба да биде меѓу земјоделците и дека нема да биде Министер од канцеларија

Ситуацијата со државната каса најдобро ја отсликува состојбата во економијата. Дојдоја на власт со сериозни критики за висината на јавниот долг и амбициозни најави за мерки кои ќе ја заштитат државната каса.  Четворица министри од СДСМ и ДУИ , меѓу кои на еден месец со премиерската функција ја делеше и онаа на чело на ресорот финансии Зоран Заев изгледа не ги зачуваа државните пари и наместо намалување на долговите не донесоа до должничко ропство. Изминатите седум години јавниот долг е речиси дуплиран. Во 2017-та изнесувал 4.8 милијарди евра, а во првиот квартал од годинава достигна речиси 8.8 милијарди.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )