Правници: УЈП мора да ја исправи грешката за наводниот долг кон „Алфа“

Управата за јавни приходи мора да ја исправи грешката во однос на наводниот долг од 200.000 евра со кој сака да ја осакати „Алфа“ телевизија, затоа што решението е незаконско и преставува невиден преседан. Доколку опстои, тоа сигурно ќе падне на Управен суд.

  • Сите докази се на страна на правдината, а правдината е на наша страна. Односно, ниту има сторено било какво даночно затајување, ниту има каков било даночен прекршок, ниту било каква незаконитост во рамки на постапувањето, вели меѓу другото во интервју за Алфа, адвокатот Панче Тошковски.

Станува збор за наводен долг од околу 200 илјади евра во кои се пресметани и огромни камати, а датира од пред речиси десет години, односно од 2013-та година. Власта го активира случајот откако „Алфа ТВ“, остана единствена критички настроена телевизија во етерот.

УЈП прво се обиде да и наштети на „Алфа Скоп“, фирмата мајка на телевизијата, но откако не успеа сега удира по управителот. Бараат тој лично, од сопстевн џеб да извади речиси 200.000 евра, односно да ги плати парите иако е назначен на фунцикијата во 2016-та година, три годни откако настанал наводниот долг. За случајот се води и судски процес, кој не е ни завршен.

  • Едноставно е. Невозможно е некој да има вина пред да се роди. Не може нешто да сме сториле пред да се родиме. Ако сегашниот управител станал управител во 2016 година, не возможно е да одговара за дејствие од 2013 година, вели во интервју за Алфа, адвокатот Панче Тошковски.

Иако сето ова, според адвокатскиот тим претставува правен преседан и небулоза, од Управата за јавни тврдат дека работеле според закон.

Согласно законот, Управата за јавни приходи спроведува присилна наплата на сите средства и приходи на должникот, како и утврдување на даночна гаранција“ одговорија меѓу другото вчера од УЈП на прашањата на Алфа.

Инаку, ова решение е само дел од притисоците врз „Алфа ТВ“, која екс-премиерот Зоран Заев ја прогласи за политички непријател. Како што власта го губи рејтингот, и се соочува со незадоволството од народот, така сега се обдува да се пресмета со единствената телевизија што не успеа да ја скрши. Но, по речиси секојдневните инспекции, контроли и надзори, ниту една институција досега не успеа да пронајде ништо спорно ниту незаконско.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста