Правни експерти и државниот врв бараат начин како да ги одложат изборите

Изборите се одложуваат но претседателот Пендаровски, техничкиот премиер Спасовски и собранискиот спикер Џафери со правни експерти ќе го бараат најлесниот начин како тоа ќе се изведе. Во случај кога собранието е распуштено треба да се утврди кој е надлежен да ги прекине роковите. Тие почнаа да течат од 16 Февруари кога Џафери ги распиша изборите. Партиските лидери не договорија нов датум бидејќи не може да се предвиди како ќе се одвива ситуацијата со корона вирусот.

“На оваа средба го споделивме ставот дека нема услови за одржување на изборите. Како одговорни политичари сите наши капацитети и ресурси ги ставаме во функција на здравјето на граѓаните и борба со корона вирусот”, изјави Зоран Заев.

“Едноглансо одлучивме дека здравјето на граѓаните ни е пред и над се. Едногласно со консензус донесовме одлука дека одложувањето на изборите треба да се случи. Она за кое што имаше дискусија е како тоа да се реализира. Она што е став на ВМРО-ДПМНЕ е да се почитуваат Уставот и законите. Имаше неуставни предлози да се свика собранието согласно на случувањата од минатото. Нашиот став беше дека искуствата од минатото со она што денеска е реалност не можат да се споредат”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Техничката влада продолжува да функционира. Терминот за редовни избори е Декември. И на учесниците на лидерската средба согласно препораките им беше измерена температура.

Градимир Марковски

Advertisements