Правната фела порачува: Граѓаните да тужат пред Уставниот суд или пред судот во Стразбур, а виновниците да одговараат пред законот
Тужба пред Уставниот суд, како и пред судот во Стразбур се опциите на граѓаните кои по уставните измени извадиле нови лични документи, а на кои пишува „Република Македонија“. Адвокатот Јанаки Митровски вели дека државата ги кршела сопствените закони со тоа што во овој период издавала документи без додавката „Северна“. Затоа, според него, властодршците мора да сносат и политичка одговорност – се брзале да бакнуваат пенкала и да разменува вратоврски за потпишувањето на договорот од Преспа, без да ги согледа далекусежните последици кои следат.
- „Со вакквиот проблем се задира во уставно загаринтараната одредба, кажува дека покрај тоа што може слободно да се движите во државата, слободно може да излегувате и да се враќате од државата и тука има основ да се бара пред нашиот устваен суд, а потоа и пред стразбург за повреда на забраната за дискреминација како една од основните права.“ – Појасни Адвокатот Јанаки Митровски.
Поранешниот судија Владимир Туфегџиќ пак, на социјалните мрежи порача дека оние кои пуштиле стари обрасци за изработка на лични документи и покрај тоа што законски требало нови, уште утре да се се јават во јавно обвинителство.
- „Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02 сабајле во 08:000 треба да биде во Јавно обвинителство“ – Напиша поранешниот судија Туфегџиќ на Фејсбук.
Хаосот со документите удира по сите граѓани, но најмногу врз оние чии работни задачи зависат од возачката дозвола, како шофери, дистрибутери и таксисти, чиј опстанок и егзистенција може да биде загрозена.
- „Грешката е во извршната власт која што 5 години не најде за сходно да реагира ниту пак, кога против волјата на целокупниот народ го потпиша оној погубен и штетен договор, кога тоа се направи, не успеа, немаше доволно сенс да претпостават една ваква ситуација, а не дека е тешко да се претпостави, а и во корелација со нашиот менталитет, се да се прави во последна секунда. – Додаде адвокатот Митровски.
Иако суштинската поента на возачките дозволи е граѓаните да докажат дека се способни да управуваат со моторно возило, а сообраќајната книшка служи само како потврда за сопственост и регистрација, се појавијва бројни нејаснотии за кои се уште нема одговори – дали при евентуална сообраќајна несреќа осигурителните компании ќе ги сметаат овие документи за важечки.
Никола Цветкоски