ПРАТКИТЕ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДО ЕУ ЌЕ ПОДЛЕЖАТ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ОД 1 ЈАНУАРИ

Пратките од Велика Британија до ЕУ ќе подлежат на царински давачки од почетокот на новата година. Од 1 јануари, луѓето во Велика Британија ќе треба да додадат царинска декларација на нивната пратка. Поштата ги советуваше британските клиенти да ги следат тие упатства за да избегнат доцнење на пратката. Клиентите што испраќаат пратки од Англија, Шкотска и Велс ќе мора да приложат царинска декларација на пратките подароци или стока испратена во странство, вклучително и до дестинациите на ЕУ“. Царинските декларации не треба да се пополнуваат кога станува збор за испраќање писмо, картичка или документ од Велика Британија до некоја земја на ЕУ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста