Пратеникот VS спикерот Џафери, едниот со поезија и молк, другиот со нервозни монолози

Читаше поезија и делови од Уставот и Рамковниот Договор и молчеше со часови.Вака собранискиот спикер и поранешен координатор на ДУИ Талат Џафери пред девет години го блокираше Законот за бранители во собранието. За ралика од сега кога и забалежува на опозицијата дека е неконструктивна и дека присуствува само на седници кои и одговараат тој во 2012 не бираше средства за опструкции. Сметаше дека законот не оди во прилог на ДУИ и дека и припадниците на поранешната ОНА треба да имаат исти привилегии. Еве како изгледаше тоа.

“Ако носиш нешто неизречено нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече”.

Во одредени ситуации изгледа одлучи стиховите од Ацо Шопов да ги примени и во пракса. Веројатно сакаше тишината навистина да го каже тоа што тој го мисли.

За разлика од тогаш сега на Џафери времето му е драгоцено. Опозицијата го замајувала со месеци, но повторно право на говор со часови има тој.

“Сто саати ќе зборам ако сакам. Три месеци ме држите тука. Цел ден ми тупите овде со медиумите, Талат Талат Талат, еве ви го Талат”, рече Џафери.

И секако патните трошоци смета дека сега неоправдано се земаат, за разлика од 2012 кога тој одбра пратеничката плата да ја оправда на свој начин.

“Јас ќе свикам седница тогаш кога ќе бидам сигурен дека ќе има кворум. Дали кворумот ќе го создаде само мнозинството или ќе се реши и дел од опозицијата, тоа е ваша одлука е е моја. Јас не можам да ве викам секој ден овде. Јас не можам да плаќам по 100 патни трошоци,а да има по 50 пратеници”, рече Џафери.

Во меѓувреме Џафери за утре повторно ја закажа 36 седница на која ќе треба да се усвои петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и компаниите. Но повторно откако ќе заврши 32 на која има други точки. Ова е во насока на сооопштението испратенио по последната координација дека се залага за целосна деблокада на собранието. Иако револтот на граѓаните и фирмите кои со месеци не земале плата е се поголем.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста