Прарениците си играат мајтап со лебот на работниците, бизнис секторот алармира дека состојбата е загрижувачка

Управата за јавни приходи веќе неколку дена праќа опомени за неисплатени плати до фирмите, кои со душа ја чекаат државната помош од петтиот пакет. Додека пратениците си играат мајтап со лебот на работниците и се натегаат кој закон треба прв да биде изгласан, нема ни „М“ од мерките за спас на стопанството и граѓаните.

Туристичките работници кои се едни од најпогодените, крајно се револтирани од блокадата на Собранието. Велат дека ако итно не се изгласаат законите ќе стават клуч на врата и работниците ќе останат на улица.

  • Ваквата ситуација е неподнослива и повеќе од алармантна. Ние сме на крајот со силите да издржиме со нашите фирми. Конкретно секторот на туризам е пред колапс, буквален колапс. Да точно е дека УЈП ни праќа опомени дека треба да ги исплатиме платите на вработените, ние не можеме да издржиме, наскоро следуваат и блокади на сметките. А од Владата си играат „топка“, си фрлаат од една на друга страна. А дури слушаме и изјави дека граѓаните можат да издржат без пари, што тоа е срамота и безобрано од нивна страна, вели за Алфа Силвана Јовановска од Туристчката агенција „Го Травел“.

И бизниз заедицата е разочарана од неодоворноста на пратениците. Велат дека тие биле избрани од народот и ова што го прават ги надминало сите граници. Според Миле Бошков, ако час поскоро не надвладее разумот над политичките страсти, економијата ќе тоне уште повеќе.

  • Ако не знаеле, јас ќе им кажам уште еднаш: Пратениците се избрани од народот и тие треба да му служат токму на народот, а не да си тераат инает и да си играат со лебот на граѓаните кои со нетрпение ги чекаат државните пари. Тие треба да ги исполнуваат сите обврски. Навистина овој пат морам да кажам дека не ми се допаѓа ова што го прават, и нека размислат дали треба да се преквалификуваат во друга професија, односно да не ги претставуваат оние што ги брирале и што сметаат дека ќе ја исполнат довербата. тоа значи дека треба што поскоро да се надминат себе си и партиските интереси, вели за Алфа, Миле Бошков од Организација на работодавачи на Македонија.

Инаку, петтиот пакет мерки влезе во Собрание пред повеќе од еден месец. Власта обвинува дека опозицијата е виновна што не е донесен, а опозицијата тврди дека државата нема пари и затоа го одложува гласањето.

Во вакви, тешки услови, фирмите се уште немаат исплатено февруарска плата за своите работници, па сега молат Бога пратениците да се смилуваат и да ги изгласаат законите, за да нема нови затворања на добар дел од компаниите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста