Познатите личности загрижени за пожарите во Амазонија (Фото)

Поради катастрофалните пожари кои го зафатија бразилскиот дел од Амазон, на социјалните мрежи се појавија голем број на познати личности за да изразат солидарност, но и да им ja покажат на луѓето ширум светот важноста на шумите за нашата планета.

Така, меѓу многуте познати личности кои привлекоа внимание се пронајде познатиот холивудски актер Леонардо Ди Каприо, кој на својот профил на Инстаграм сподели фотографии од пожарот.
„Застрашувачки е да се мисли дека белите дробови на светот -Амазонија, најголемата дождовна шума на планетата, веќе 16 дена гори и дека медиумите буквално не пишуваат ништо за тоа! Зошто?“, Напиша Ди Каприо под една од фотографиите што ги објави на Инстаграм.


И најдобриот српски тенисер, Новак Џокович, на Инстаграм објави слика на запалената шума, а под фотографијата тенисерот напиша: „Ова ми го крши срцето“.

Голема загриженост за грозоморните пожари што ги мачат Амазонските шуми, изрази и манекенката Георгина Родригез, инаку вереничка на еден од најпознатите фудбалери на светот, Кристијан Роналдо.

“Ужасната вест. Уништувачки последици. Ги чувствувам во мојата душа. Ме боли толку многу што нешто што ни дава живот, умира. Најчистиот што го имаме! Губиме дел од белите дробови на Земјата. Ни требаат глобални промени сега! Влади и светски организации вие треба да го сторите тоа, да нè организираат сите за да не продолжи да ни се уништува нашиот дом. Глобални решенија, сега! ” напиша Георгина со хаштагот „PrayforAmazonia“.

„Вие и Кристијано имате пари, зошто не помогнете наместо да пишувате за тоа?“ еден од обожавателите праша, а друг напиша „Георгина, те молам прашај го Кристијано за донација, да се спаси Амазонија“.

Според податоците на Националниот институт за истражување на вселената, од јануари до август годинава избувнале повеќе од 72.000 пожари во бразилскиот дел на Амазонија.

Ова е најголем регистриран број на пожари откако официјалното започна следењето на овој тип на податоци во 2013-та година.

Институтот соопшти дека повеќе од 9.500 пожари се пријавени од минатиот четврток, претежно во областа Амазонија.