ПОЗНАТИ СИТЕ 32 ЕКИПИ ВО ПРВАТА НОКАУТ ФАЗА НА ЛИГА ЕВРОПА


Вкупно 32 екипи продолжуваат во елиминациите на второто по ранг натпреварување во Европа. Како лидери од групната фаза, Рома, Арсенал, Баер Леверкузен, Глазгов Ренџерс, ПСВ, Наполи, Лестер, Милан, Виљареал, Тотенхем, Динамо Загреб и Хофенхајм. Потоа, како второпласирни, Јанг Бојс, Молде, Славија Прага, Бенфика, Гранада, Реал Сосиедад, Брага, Лил, Макаби ТА, Антверпен, Волфсбергер, Црвена Звезда. Плус осум екипи, треторангираните од ЛШ, а тоа се Салцбург, Шахтјор, Олимпијакос, Ајакс, Краснодар, Бриж, Динамо Киев, Манчестер Ј. Ждрепката е в понеделник од 13 часот, а 60 минути претходно извлекувањето за осминафиналето во ЛШ.