Познати се девет имиња за претседателската трка

Познати се девет имиња за претседателската трка

Најголемите политички партии ги најавија своите кандидати за шеф на државата. СДСМ повторно се одлучија за актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски, а пак ВМРО-ДПМНЕ ја најавија Годрана Силјановска Давкова која треба да помине на конвенцијата на партија најавена на почеток на март.

Овој судир на јавноста меѓу Пендаровски и Силјановска е познат на јавноста од минатите претседателски избори, различно ќе биде она што овој пат Пендаровски ќе настапи сам, односно поддршка за кандидатурата добива само од СДСМ, а минатиот пат тој беше заеднички кандидат и на социјал-демократите и на интегративците, односно ДУИ. И овој пат, но и минатиот Силјановска Давкова настапи со поддршка само од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Од ДУИ конечно се одважија и го најавија својот претседателски кандидат, ова место како што изјави партискиот лидер Ахмети му припаѓа на шефот на дипломатијата Бујар Османи. ДУИ минатите избори немаа свој кандидат, нивните гласови отидоа на контото на Педнаровски.

Од здружената опозицијата од албанската заедница, односно коалцијата ВРЕДИ, во која учествуваат партиите Алтернатива, Беса, Демократско движење, како и Алијанса на албанците, кандидат е Арбен Таравари.

Минатите избори освен Алијанса на албанците кои го предложија професорот Блерим Река како кандидат, другите албански партии воопшто и немаа свои претставници односно кандидати.

Овој изборен циклус се очекува да биде пожив од минантиот, затоа што во игра се повеќе имиња кандидрани од партиите, здруженијата.

И помалите партии, барем дел од нив, ќе имаат свои кандидати. Партијата Левица, ќе настапи со професорката Билјана Ванковска,  ЗНАМ партијата на градоначалникот на Куманово, ќе настапи со својот партиски лидер, Максим Димитриевски. Вчера своја кандидатура најави и претседателот на ГРОМ, Стефче Јакимовски кој рече ќе ја барал довербата, за шеф на државата.

И овие избори се очекуваат и независни каднидати, тие сеуште се собираат и потписи, односно 10 000 потписи, бидејќи тоа е еден од условите за да може да ја пријават својата кандидатура. Засега официјална каднидатура со исполнување на условите имаат Пендаровски и Силјановска кои зад себе имаат и поддршка од 30 пратеници во Собранието, останатите треба или да имаат поддршка во собранието или пак да соберат 10 000 потписи.

Своја кандидатура најави и докторот Вело Марковски, како и Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз.

Најголем дел од партиите што ги номинираат кандидатите знаат дека шансите да победат се речиси и невозможени, сепак претседателската трка ќе ја искористат за мерење на поддршката за парламентарните избори кои следуваат две недели подоцна.

Кампањата за претседателските избори започнува на 4 април. Првиот круг е на 24 април, а вториот на 8 мај, кога ќе има двојни избори, заедно со парламентарните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста