Познати четвртфиналните двојки во ЛШ

Баерн Минхен и Пари Сен Жермен за многумина се најголемите фаворити за овогодинешниот фудбалски трон во Европа. Сепак, само една екипа ќе остане во игра по денешната ждрепка во Нион, која одлучи токму овие два тима да играат меѓусебе во четвртфиналето. Ништо помалку звучни не се и останатите. Реал Мадрид за противник го доби Ливерпул, Манчестер Сити ќе се сретне со Борусија Дортмунд, а Челси пред себе го има најголемото изненадување, Порто. Првите четвртфинални пресметки се играат на 6 и 7 април, а реваншите се седум дена подоцна. Веќе познато и кој со кого врзува во претпоследната нокаут фаза. Па така, победникот од Баерн-ПСЖ оди на подобриот од Сити-Борусија во првото, а во второто полуфинале ќе се соочат победниците од дуелите Порто-Челси и Реал-Ливерпул. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста