Позната причината поради која токму вас ве напаѓаат комарци…

Биологот Барт Кнолс објасни зошто сте баш вие мета на комарци.

По него, комарците се привлекуваат од човечкиот здив, Јаглено хидратите кои ги издишуваме, се во комбинација со различни хемикалии, и создаваат мирис кои комарците можат да го осетат и на 30 метри раздалеченост. Биологот тврди дека секоја личност испушта повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, од кои 100 се наоѓаат во здивот.

Женските комарци ги уклучуваат сите свои сетила за да одлучат дали некого ќе убодат или ќе го заобиколат.

Уште еден важен фактор на чија основа комарците одлучуваат дали ќе цицаат нечија крв е мирисот на кожата.

Така на пример, жолтите и тигрести комарци привлекуваат млечна киселина, додека обичниот комарец е наклонет кон мрсната киселина.

Постои верување дека луѓето кои јадат лук и конзумираат витамин Б, ги “одбиваат” комарците, но Кнолс тврди дека сеуште не постојат доволно докази за тоа.

А какви “хемикалии” ке испуштиме, зависи од тоа што јадеме, но зависи и од тоа каква ни е хигиенската навика.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста