ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА НА СЕХА КОЈА СТАРТУВА ДЕНЕСКА, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР САМО ЕДЕН МЕЧ ГОДИНАВА, ВАРДАР ЗАПОЧНУВА ВО ФЕВРУАРИ 2021

Со натпреврот помеѓу екипите на Нексе и Војводина, денеска стартува новата сезона во СЕХА лигата, каде земјава има два претставника. Македонските екипи започнуваат нешто подоцна и тоа во различни термини. Составот на Еурофарм Пелистер ќе игра против Металопластика Шабац на 21. декември и тоа ќе биде единствен натпревар за битолскиот тим годинава. Вардар пак воопшто нема да настапи во завршницата на оваа година, туку дури на 1 февруари 2021- та кога му претстои домашен меч против Нексе Нашице. Во СЕХА шампионатот и годинава клубовите учесници се поделени во две групи во кои е предвидено да се одиграат по  шест натпревари , а потоа потоа во зависност од пласманот се озбезабедува место во осминафиналето.  Додека двете првопласираните одат директно во четвртфинале, каде се приклучуваат Мешков Брест и Веспрем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста