Пожарот во Тетово се уште тлее

Пожарот во Тетово се уште тлее

Тетовските пожарникари цела ноќ го гаснеа пожарот во селото Фелише каде од вчера гори магацин и продавница за бои и лакови.

Иако со значително намален обем сѐ уште има пламен и чад. Пожарот се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа, информираат од Центарот за управување со кризи.

ЦУК алармира и утрово со препораки за енормна загаденост на воздухот и да нема движење околу објектот, а Центарот за јавно здравје денеска ќе изврши испитување на водата и почвата откако изгореа околу 100 тони хемикалии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста