Пожарите зачестија, тетовските пожарнакири гаснат оган со опрема стара повеќе од 30 години

Несовесноста на луѓето предизвика огромен број пожари, пред се на отворено.  Додека државните институции редовно се подновуваат со луксузни автомобили, пожарникарите имаат камиони стари со децении.

Секојдневното палење на сува вегетација низ тетовските ниви во текот на март направи многу пожари на отворено, за што тетовските пожарникари алармираат дека гаснејќи таму губат време и ресурси за да интервенираат при појава на оган во објекти при што во опасност би биле доведени луѓе. Пожарникарите трчаа по запалени гуми кои се трклаа по шумата над градот, а во населбата Дреновец таков пожар беше најблиску до куќите.

Пожарот е како вода, пожарот се шири многу брзо. Пламените јазици многу брзо се шират, имаме пример над стадионот, градскиот стадион Тетово, кај што, една населба Дреновец каде што можеше пожарот да направи да доаѓа до некоја катастрофа.

На враќање од интервенција, еден камион останал без амортизери удирајќи во легнати полицајци. Просечно по 30 години имаат нивните камиони и со таква опрема уште потешко им е да интервенираат. Потребна е државна помош за оваа служба.

Поседуваме стари камиони, стара опрема, која за жал државата многу малку обрнува внимание бидејќи ние за граѓаните постоиме и треба да бидеме добро опремени со добри нови камиони, но за жал ете се бориме со тие што ги имаме.

Законски на 1500 луѓе треба да има еден пожарникари. Тетово има 74 пожарникари за регион со околу 200 илјади луѓе. За првите три месеци годинава имале 200 интервеници, но и неколку повредени пожарникари.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста