Пожар ја изгоре фабриката Треска, која стана атрактивна за градежниот бизнис

Голем пожар ја изгоре на фабриката Треска, која последниве години стана атрактивно земјиште за градежните бизнисмени. Пожарот во противпожарната бригада бил пријавен во 14 часот и 10 минути и за два часа беше локализиран од страна на скопските пожарникари. Командирот Звонко Томески кажа дека имале успешна интервенција.

-Интервенирано е веднаш со сите расположливи сили во тој момент. Приоритет ни беше да спречи ширење на пожарот по соседните објекти, како и објектите кои се во делот на фабриката. Благодарение на брзата интервенција пожарот беше локализиран, изгаснат, нема повредени за среќа… сметам дека успешна интервенција од наша страна, изјави Томески.

Во дворот на фабриката Треска беше и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која порача дека ако пожарот бил поднетмат, виновниците мора да добијат најстроги казни.

-Важно е да се заштитат граѓаните бидејќи станбени и деловни објекти кои беа загрозени од овој пожар, меѓутоа не само тоа и целата противпожарна бригада, 55 пожарникари работеа посветени цели два часа, да го локализираат, да го изгаснат пожарот, си го ставаат во опасност сопствениот живот да им помогнат на граѓаните. Ако се покажат точни индициите дека овој пожар е подметнат треба да има најстроги мерки, изјави Арсовска.

Томески вели дека причините за овој пожар се уште не се познати и порача дека истите мора најбрзо што е можно да се откријат.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста