Пожар во ГОБ „8-ми септември“, се запалила канцеларија во Ургентниот центар

Пожар во Градската општа болница „8-ми септември“ – избувнал во канцеларија во Ургентниот центар на болницата. Според информациите од противпожарните екипи на терен нема повредени. Се чека МВР да изврши увид.

Командирот на противпожарнбата бригада од Тавталиџе, Влатко Симоновски за Алфа рече оти бил пријавен околу 22.20 минути, а на терен се гаснело со две возила и 5 пожарникари.

Според првичните информации причина бил проблем во електричната инсталација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста