Повторно расте бројот на заразени во Тетово, болницата се полни, лекарите потсетуваат дека битката со вирусот не е завршена

По кратката стабилизација, бројот на заразени со ковид во тетовско повторно почна да расте.Се полни и клиничката болница.Речиси сите примени пациенти се повозрасни, со коморбидитети и на кислородна поддршка.Засега има слободни места, но, ако бројот продолжи да расте, ќе се приспособуваат и други одделенија за прием на заразени, оти модуларната болница,покрај најавите дека ќе се изгради во јануари, сеуште не е комплетно готова.

„За разлика од минатите две недели, имаме покачување, 24 хоспитализирани пациенти, амбулантски имаме дневно и до 40 пациенти.Имаме едно зголемување,што најверојатно е резултат на непочитување на мерки и невниманието.“ – вели д-р Гзим Нуредини.

Опаѓањето на бројот на заразени на ниво на државата изминатиов период,ги опушта граѓаните, но тоа е најголемата грешка,велат лекарите.Потсетуваат дека битката со вирусот сеуште не е завршена.

„Граѓаните треба да внимаваат дека  сеуште сме во војна со висурот,нема олабавување во никој случај, маска, дистанца, обавезно..Сите што имаат симптоми обавезно да се јават на лекар.“ изјави д-р Нуредини.

Проблем сеуште останува криењето на контактите со заразените, но, и тоа што има лица со симптоми, кои и натаму се лечат дома на своја рака, па откако состојбата ќе им се влоши, доцна се јавуваат на лекар-грешка, која може да чини и живот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста