Повторно протести во Кочани, граѓаните се жалат дека „Пејпер Мил“ секојдневно ги труе

Со звуци од сирени кочанчани го започнаа четвртиот протест против фабриката за хартија Пејпер мил.  Со автомобили го блокираа патниот правец Кочани-Виница. Стоп за Пејпер кил и останатите загадувачи , Сакаме чист воздух беа дел од пораките што ги упатија.

–        Доста не молевте да бидеме хулигани. Следниот пат со сите тешки возила во Коичани, ќе ги блокираме сите патишта и институции..И така е Ковид мораториум, па нека биде Кочани моратороум…-изјави Blagica СабовљевикЗГ Грин-орг Кочани

–        Господа, сите вие што сте во институцвиите, инспектортатот охрабрете се и решете го проблемот. Не оставајте лугето да притискаат  и да земаат други решенија кои не се својствени за нас во Кочани . Ние сме мирен народ, но не сме бројка. Ние сме луге– Изјави Зоки Тодоров-ЗГ Грин-орг-Кочани.

   Откако незадоволството помегу насобраните почна да расте, толпата реши да се префли пред капијата на фабриката, којашто се чуваше  со кордон од над дваесетина полицаици..  малку инсерти ….Како предупредување во дворот на фабриката фрлија факел.. пак малку инсерти… за среќа не дојде до инциденти..

Кочанчани се револтирани. Велат животот во градорт е неподнослив, а смогот и чадот им се секојдневие..

   Анкета-Не се дише премногу е загаден воздухот. Откако фабриката почна да работи на овој начин се зголеми бројот на заболени со бронхопневмонија, каннцерогени заболувања. Градот континуиранои се загадува, ова е четврти пат како протестираме , а очигледно е дека некој нема слух-велат граѓаните на Кочани..

Здружението има поднесено и кривична пријава против фабриката за хартија, но до сега нема  разрешеница. На денешниот протест се одлучија откако и покрај регистрираните неправилности од страна на инспекторатот  Пејпер мил продолжи со работа  дури и со засилено темпо.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста