Повторно опожарено возило во Штип – секој ден по едно

Кој ги пали автомобилите во Штип? На ова прашања од денес одговор бара и Бранко Јанковски од приградската населба Караорман, на кој утринава некој му го запали џипот. Штетите се минимални бидејки во моментот кога возилото почнало да гори, неговот син кој е сопственик на кафеан, се враќал дома и успеал да навремено да реагира..

Во близина на куќата, син му се разминал со непознато возило, но не ја запамтил бојата и марката. Јанковски кој пред една недела се вратил од Италија за себе вели дека не е политички ориентиран, ниту пак должи некому. Смета дека неговиот џип е дел од теорија на заговор, со која пироманите сакат полициската истрага од претходните случаи, да ја насочат на друга страна.

Од полицијата штура информација за делумно оштетениот туарег во Караорман. Увидот е во тек, но молк на прашањата постои ли поврзаност со претходните и дали веќе имат осомничени. Од почетокот на годината ова е дваесет и прво запалено возило. За шест е утврдено дека пожарите се подметнати, а за еден случај е поднесена кривична пријава до ОЈО. Само од минатиот четврток до денес, во Штип се запалени и оштетени осум возила. Најголема штета претрпе Никола Тушев поранешниот преседател на ОО СДСМ-Штип.

Александра Ристевска