Повторно одложено судењето за Аудито на Мерко

Повторно одложено судењето за Аудито на Мерко

Повторно сеодложи судскиот процес против Рамиз Мерко кој одговараза спорната набавка на службеното луксузно возило „Ауди А6“. Иако судењето против него никако да почне,овој пат струшкиот градоначалник насмеан ,лежерно се појави во судницата.

И не само тоа,обидувајќи се да биде духовит,на судијката која го води предметот и дофли дека доказите со кои располагале биле толку многу што нити со службено ауди А6 не можело да се донесат,на што таа го потсети дека не наоѓа на телевизиска емисија.

„Рочиштето денес се одложи бидејќи одбраната достави обемна листа на докази за која судот треба и да ја разгледа, определени документи да прибави од надлежни иституции од државата и нормално потребно е време и за обвинителството да се запознае со истите но и за судот.Нема да одлагаат ,интенцијата е да не одлагаат поради тоа судот ќе се потруди во најкраток можен рок документите кои и се потребни на одбраната да се обезбедат”, рече судијката Надица Митреска.

Митреска уверува дека нема да има намерни одлагања на рочиштата и оти во разумен рок ќе ги обезбедат сите докази кои ги бара одбраната на неприкосновениот Мерко која пак досега располагала со 68 вербални и матерјални докази.

„Со доставувањето на оваа листа,одбраната ќе се обиде да ја побие тезата на јавното обвинителство дека обвинетиот сторил некакво кривични дело воопшо”, рече адвокатот на Мерко, Игор Петковски.

Според обвинителниот акт ,тој се терети за злоупотреба на службената положба при набавката на автомобилот ауди. Придужуван од неколкума негови соработници,по излегување од судницата со рацете во џеб, Мерко не сакаше да застане пред пред камера.

Инаку во обвинението меѓудругото стои дека во 2018-та година,без претходно одобрување на годишниот план за јавни набавки од страна на општинскиот совет, во услови кога општината имала долгови и блокирана жиро-сметка, за сума од 67.000 евра, Мерко купи автомобил Ауди А6 и 4-ри шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра. 

Главното рочиште за овој судски процес се одложи за 8 јули,во меѓувреме, Мерко ќе седне на обвинителна клупа за друго дело.Ќе одговара за несовесно работење и прекршување на законот затоа што поставил несоодветни директор на училишта во Струга и струшко. Рамиз Мерко ќе седне на обвинителна клупа по речиси една година откако беше ставен на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )