Повторно безредија на улиците во Белград

Судири помеѓу демонстрантите и полицијата и повредени на двете страни ја одбележаа и втората вечер од протестите во Србија. Како причина за протестите првично беше најавата на властите за враќање на рестриктивните мерки по зголемувањето на бројот на заразени од коронавирусот , но демонстрантите ги проширија барањата , оставка од претседателот Вучиќ, формирање техничка влада и нова комисија за борба против пандемијата.
За време на синоќешните протести и немири пред Собранието во Белград повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти. Брзата помош имала 112 интервенции , но никој не е сериозно повреден соопштиле надлежните.
Освен во Белград демонстрантите излегоа на улица и во Ниш, Крагуевац и Нови Сад.
Изутрината спрскиот претседател Вучиќ со видео порака од авион им се обрати на граѓаните ветувајќи дека државата ќе го заштити мирот . Вучиќ замина во Фртанција на средба со Макрон .

  • Јас само го молам нашиот народ, како во Белград, така и во Нови Сад и во сите други градови, да не се спротивставуваат на насилниците. Тоа ќе го сториме како држава, ќе го сториме и ќе победиме. Ќе го сочуваме мирот за нашата земја, предавството никогаш не беше опција, а сега летам за Париз, да се борам за нашата Србија. Се гледаме наскоро, Србија победува! – рече Вучиќ.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но кажа дека нема да дојде до насилен преврат и анархија. Таа повтори дека протестот нема врска со коронавирусот, затоа што мерките сè уште не се воведени. Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека полицијата не одговарала на „насилството на демонстрантите“ до оној момент додека не била приморана на тоа.

Викторија Миткова