Повремени врнежи од дожд со појава на утринска магла во котлините

Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста