Поврат на ДДВ: Надлежните се фалат, граѓаните критикуваат дека исплатата доцни

Почнува исплатата на ДДВ на граѓаните за купени македонски производи во рамките на „Викенд без ДДВ“. На граѓаните кои купиле нешто домашно и компјутерска опрема за време на продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври, ќе им биде вратен целиот износ од данокот. УЈП соопшти дека процесот на поврат е започнат, но граѓаните се жалат дека пари на нивните сметки денеска не виделе. Дел од нив критикуваат дека процедурата се одолговлекува и по правило како и секогаш исплатите доцнат:

Владината мерка „Викенд без ДДВ“ даде резултати, но само скромни и далеку од очекуваните и најавуваните од страна на власта. Таа очекуваше промет од 170 милиони евра, но сепак тоа не се случи. Во викендот без ДДВ беше остварен  промет од само речиси 9 милиони евра. Тоа што мерката потфрли според премиерот Заев било поради сиромаштијата на граѓаните кои во криза се решиле да штедат.

  • За оваа мерка ќе се вратат некаде околу 1,5 милион евра. Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев.

Дека мерката Викенд без ДДВ ќе биде без ефект предупредуцваше и опозицијата. Тие реагиораа дека таа е задоцнета, но и се спроведува во услови на пандемија. Од ВМРО ДПМНЕ бараат наместо еден, да има 4 викенди без ДДВ за граѓаните.

За време на викендот, граѓаните се пожалија дека биле ограничени за купување на македонските производи, зашто добар дел од продавниците биле затворени.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста