ПОВОЛНА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА – САМО 250 НАВИВАЧИ ЗА КЛУЧНАТА БИТКА СО ЕСТОНИЈА

Со најновата одлука на естонските власти, бројот на посетители за време на претстојниот кошаркарски квалификациски турнир во Талин е ограничен на само 250 навивачи. Се чини поволна вест за нашиот Национален тим поради фактот што против себе нема да има пет илјади Естонци во Арената „Саку Сурхал“ во клучната пресметка со домаќинот на 30 ноември, за една од првите три позиции во групата, која води на Евробаскет 2022 година. Македонија пертходно на 28 месецов оди на мегдан со лидерот Италија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста