Повлекувањето на Законот за менување пол ја налути ЛГБТ заедницата

Повлекувањето на предлог Законот за матична евиденција со кој, само со изјава заверена на нотар би можел да се смени полот, ја налути ЛГБТ Заедницата – бараат Законот итно да се врати во Парламентот. Според нив, со одлуката власта да го повлече Законот од Комисијата за политички систем, ги оставиле трансродовите луѓе без никаква правна заштита. Критикуваат дека власта не ја почитува главната премиса со која впрочем дојде на власт – едно општество за сите.

Со одлуката да се повлече Законот, државата ги остави трансродовите лица без правна заштита. Лицата без усогласени документи не можат да пристапат до безбедност во ниту една сфера. Загрижени сме за ширењето паника дека овој Закон може да придонесе до широка злоупотреба, без да се провери праксата од земјите каде овие закони се во сила  – изјави Лила Милиќ од Иницијатива за заштита на правата на трансродовите лица.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, децидни, овој предлог Закон може да придонесе за злоупотреби Законот за семејство, и наместо државата да се занимава со моменталните проблеми, се обидидувала да ја дефокусира јавноста.

До кога ќе бидеме заложници на социјални експерименти кои го уништуваат и духовно и ментално цивилизираниот општествен поредок? – Воедно, апелираме до власта дека треба да престанат со праксата на потценување на мекадонските граѓани и да се ослободат од заложниците и ветувањата кои ги донесоа на власт – изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

И пратениците од СДСМ истакнаа дека законското решение треба да се доработи, па дури тогаш да се најде пред пратениците. Оваа форма на законот не доби поддршка ниту од албанскиот блок.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста