Повеќето градови во БиХ се без струја, причината е дефект на црногорската енергетска мрежа

Повеќето градови во БиХ се без струја, причината е дефект на црногорската енергетска мрежа

Eнергетски колапс се случува во делови од регионот. Црна гора, Босна и Херцеговина, Албанија и делови од Хрватска останаа без струја . Црногорскиот електро-дистрибутивен систем потврди дека безмалку цела Црна Гора е без струја поради проблеми а со прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем.

Весникот „побједа“ пишува дека избувнал пожар на далновод и дека не се знае кога ќе се реши проблемот.

Од градовите во Црна Гора струја имаат само Пљевља и Жабљак.

Претходно, хрватските медиуми објавија дека речиси цела Далмација останала без струја, како и дека проблемот настанал поради дефект на системот во црна гора, со кој Далмација е приклучена на мрежата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )