Повеќегодишното труење на граѓаните со отровен мазут власта дури сега ќе го решава, најавува истрага и казни

Повеќегодишното труење на граѓаните со отровен мазут власта дури сега ќе го решава. Откако јавноста буквално збесна по објавата на новинарската сторија во која се обелодени огромниот скандал со увоз на отровно масло за греење, од Владата сега најавуваат дека ќе се води истрага и ќе имало одговорност. Целиот бизнис се случувал пред очите на државните институции речиси 4 години, но за тоа никој не реагирал. Сега се најавуваат и казни.

Дали некој во државава ќе сноси одговорност за наводите за увоз на токсични материи, но и зошто институциите претходно не утврдиле дека постои можност за такво нешто.

  • Апсолутно ќе има одговорност и затоа и се задолжение сите овие институции, во рок од две недели да достават извештај по што ќе се постапува. Државата во повеќе наврати укажува дека нема да прави компромиси со здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина, рече Арсовски.

Владиниот портпарол додаде дека се постапувало и досега согласно податоците кои ги имале од Царинската управа како надлежна за спроведување на увозна постапка и наплата на давачки.

  • Во врска со работењето на фирмата, која беше посочена во ова новинарско истражување во периодот од 2018 до 2020 година Царинската управа земала мостра за анализа при увоз на царинење во 84 увозни постапки. По години во 2018 – 34, во 2019 – 37, во 2020 – 13 мостри. Во ниту еден од доставените примероци не е пронајдено поголемо количество сулфур од дозволеното. Секторот за истраги на Царинската управа извршува контрола на работата на фирмата со која е опфатено целокупното нејзино работење во периодот од овие три години, рече Арсовски.

Најавата од Власта за акција следува откако вчера министерот за еккономија се обиде да ја префрли одговорноста песронално кон Стојко Пауновски, поранешниот директор на Пазарната иснпекција, кој поради непослушност и пркос за рамковните вработувања експресно беше сменет. Бектеши тврдеше дека не бил запознен дека кај нас се увезувало опасно масло кое било декларирано како мазут, а го прозва Пауновски дека во време кога директорувал со инспекторат направил само една проверка на квалитетот на горивата. Пауновски реагираше дека министерот лажел и тврди дека лабараторијата за контрола воопшто не им била ставена на располагање.

Додека власта се мобилзиира и бара начини за префрлање на одговорноста, јавноста критикува и бара казни за редица институции. Се бара одговорност и од посочените компании кои оствариле бенефит од овој нелегален бизнис. Станува збопр за „Еуроникел“ од Кавадарци и „Брако“ од Велес на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за кои се тврди дека биоле дел од мрежата која ја плететла Кичевската фирма „Евротим“, увозникот на опасното гориво.  

Анѓушев преку „Брако“ демантираше дека на било кој начин е поврзан со увозот на токсични масла и најави тужби за новинарите. Се огласи и „Еуроникел“ кои тврдат дека нивната работа и околина е комплетно чиста. Инаку, опасното нафтено масло е забрането во ЕУ, но на големо се користело во Македонија не само од фабрики, туку и државни институции, дури и од неколку здравствени организации.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста