Повеќе здруженија бараат дел од хронично болните да останат дома поради Ковид 19

Не стивнува револтот на здруженијата на хроничните болни по препораката на надлежните среде пандемија да се вратат на работа. На итен состанок тие денеска договорија неколку услови. Бараат постепено враќање на работа за пациентите со хронични заболувања, по принципот полесните состојби први да се вклучат во работниот процес, но одлуката кој треба да остане дома, а која да почне со работа сепак да ја донесат лекарите специјалисти од Клиничкиот центар. Ваквите барања ќе ги достават до Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Велат, предлогот на Комисијата хронично болните пациенти кај кои болеста во меѓувреме не била влошена да се вратат на работа, предизвикала паника кај пациентите кои стравуваат оти корона пандемијата може да биде фатална за нивниот живот. Средба со министерот за здравство ќе имале во текот на утрешниот ден.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста