Повеќе од пола здравствени установи во Македонија немаат болнички возила

Пациентите од струмичкиот регион до клиниките во Скопје се транспортираат со небезбедени возила стари повеќе од две децении. Честопати се случува два пати во денот да патуваат до главнниот град или најблиската болница во Штип. Па неретко по патиштата се случуваат и дефекти…

 „ Возилата се санитетски возила.Со кислород и лежај , ама тоа се стари возила повеќе од 22-23години… има и дефект, по пат се случува и дефект, па не може да стигне до потребната дестинација..потоа пуштаме наши возила или бараме помош од Здравствен дом  Струмиц „- изјави Наќе Гогов, директор на Општа болница -Струмица.

Откако директорот на струмичката болница вчера побара донација за болничко возило, социјалните мрежи експлодираа.  Јавноста прашува до каде се ветувањата на премиерот Заев кој во 2017, на тогашните локални избори ветуваше дека луксузниот мерцедес ќе го замени со амбулантни возила и со тоа ќе докаже дека ќе бидат влада различна од претходната. Еден час подоцна Гогов си го повлече статусот, поради како што вели негативните коментари. По ова  пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов експресно објави дека веќе е обезбедено  ново амбулантно возило, но  ќе пристигнело за два месеци. Ваквата најава уште повеќе ги разлути граѓаните,зошто струмичката болница има потреба од амбулантно возило сега и тоа што ќе добие по два месеци не го решава проблемот. 

 

   „Ситуацијата сега е малку посериозна. Не малку, туку повеќе. Има многу пациенти во тешка состојба кои треба да се хоспитализираат надвор од СТрумица  и да бидат сместени во 8ми септември или на КЛиника во Скопје „- изјави Наќе Гогов, директор на Општа болница Струмица

Во Струмица според последните податоци од Центарот за граѓански комуникации има само четири амбулантски возила.  Во Македонија има вкупно 183, а  од 90 здравствени установи,  47 кажале дека имаат вакви возила.Ова покажува дрка повеќе од половина од здравствените установи во земјава немаат амбулантски и санитетски возила. Според истражувањето просечна старост на амбулантските возила е единаесет години, а тринаесет отсто од нив се произведени минатиот век.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста