Повеќе од деценија во ресорот екологија и шест министри на ДУИ-но,народот не памети зелени проекти

Неџати Јакупи, Абдулаким Адеми, Нурхан Изаири, Башким Амети, Садула Дураки и актуелниот Насер Нуредини.Зелена партија не се станува преку ноќ-па  шесте министри на ДУИ ,преку кои повеќе од 10 години партијата го држи ресорот екологија- имаа можност да докажат дали умеат да бидат зелени.Но,на некоја посериозна и поголема еколошка акција,не се сеќаваат ниту екологистите, ниту пак, граѓаните. Не знаат дури ниту име, барем на некој Министер,кого го паметат по нешто сработено.

Шесте министри на ДУИ, не можат да се пофалат со некакви еколошки успеси,велат упатените.Напротив, токму изминативе години, земјава покажа дека здравата и чиста животна средина е невозможна мисија.Екологистите се сомневаат дека кон зеленото не ги влече желбата за здрава средина, туку милионските суми,најавени од европските фондови.

Веќе со денови не стивнуваат реакциите за ребрендирањето на ДУИ во зелена партија-идеја која повеќе наидува на потсмев во јавноста, отколку на поздравување.Најверојатно, поради сликата од градовите кои ги води токму ДУИ, а се едни од најзагадените.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста