Повеќе коцкарници отколку училишта во Струга – граѓаните излегоа на протест
Да се затворат сите казина и оболжувалници во Македонија-стружани преку протест го изразија својот револт по последниот обид во градот да се отвори уште едно казино и тоа во голем станбен комплекс на околу 200 метри од една градинка и основно училиште.Во Струга има околу 50 казина и обложувалници велат што е недозволиво, во градот има повеќе коцкарници од училишта.За какви вредности велат зборуваме,каква порака е ова за младата популација која допрва треба да го трасира својот животен пат.
“Се буниме, едноставно се буниме и тоа не само во наше име, туку во има на сите граѓани на оваа држава бидејќи премногу се намножија кладилници и казина.Барем да ги ограничат местата, иначе сме за да нема казина во Македонија воопшто, како што нема на пример во Грција и во многу други земји.Меѓутоа да не бидеме радикални барем да не се на вакви станбени места или блиску до школи, да најдат начит тоа да се дислоцирa”-вели Жарко Мукоски,жител на Струга
“Ова е една болест на нашето општество и гледаме секој ден лошо и полошо не само тие што играат туку и тие што го поддржуваат ова.Ние бараме да се тргнат скрос од нашето општество оти е многу лошо за нас”-вели Адем Муртиши,муфтија од Струга
Децата се љубопитни, зарем треба да стражариме за да не скршнат од патот и наместо во училиште да завршат во кладилница.Лесно заработените пари,се мамка од која нема назад. Стружани испратија и апел до надлежните институции.
“Да ги забрзат дискусиите во Парламентот во врска со законите за игрите на среќа и казина бидејќи сите знаеме за негативното влијание на овие дејности.Ја имаат поддршката на граѓаните,само нека го средат тоа, зошто не е добро ни за нас, ни за нашит деца, воопшто ни за државата”-вели Асим Муса-жител на Струга
“Ова нема да запре овде, ние со нашите предлози ќе одиме во сите институции, сите надлеж и органи,министерството за финасии и владата –вели Бесни Касани,адвокат од Струга
Политичките партии сите до една на послените избори ветуваа дека ќе се стави крај на ова лудило со отворање на кладилници кои ги има на секој чекор и то во строгиот центар на Струга и дека оваа дејност ќе се регилира законски, очекуваме од парламентарците да го исполнат ова ветување во име на една здрава и просперитетна младина.
Росица Голабоска