Потврдено првото коло: Алиоски ќе дебитира во Премиер на „Енфилд“ против шампионот

Премиерлигашите на 12 септември ја отвораат новата сезона, во која Македонија ќе има свој претставник во репрезентативецот Езѓан Алиоски. Неговиот Лидс Јунајтед во првото коло гостува кај актуелниот шампион Ливерпул. Гостување ќе има Арсенал кај новајлијата Фулам, Тотенхем ќе го пречека Евертон, Челси е домаќин на Брајтон, а Лестер ќе патува кај ВБА. Поради настапите во европските купови, средбите на Сити и Јунајтед дополнително ќе бидат потврдени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста