Потврдени нови пет случаи на делта сој во три градови во Македонија

Нови пет случаи на индиски (делта) сој се потврдени во последната недела во Македонија.

-Три се во Скопје, по еден во Куманово и тетово од вкупно осум анализирани. Не е само тој, присутни се и другите соеви, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека вакцината е единствениот начин на заштита против сериозна форма на болеста и смртен исход.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста