Потсмев со потсмев за новата кампања на Владата: Корупцијата да се бара на шалтер и Царина, не кај министрите и функционерите

Сега сѐ е јавно – Корупцијата не се исплати. Владата преку видео спотови ја започна борбата против овој горлив проблем кој е навлзен во сите пори на општеството. Но кампањата не е насочена против високата корупција, туку кон пониските ешалони, обичните шалтерски работници и вработените во Царината.

Ова е можеби и очекувано ако се знае ставот на премиерот Зоран Заев, искажан уште пред повеќе од еден месец, дека корупција не била кај највисоките ешалони на власта, туку таа почнувала од третиот ешалон, односно обичните вработени во државните институции.

-Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции, изјави Заев на 26-ти јули годинава.

Иако постои сомнеж за сериозни коруптивни скандали кај високи функционери од власта, како што беше пример со Ден Дончев и Лидија Димова, како и своевремено најблискиот соработник на Заев, Драги Рашковски, премиерот смета дека сепак најголемиот проблем не биле функционерите. Поради тоа порача дека најголема помош во битка ќе било граѓаните да пријавуваат, а тие со корупција најчесто може да се сретнат, кога завршуваат некоја работа преку обичните вработени во институциите.

-Најсилната алатка, најсилната помош која треба да ја добиеме е од граѓаните. Тие треба да пријавуваат замолувам да пријавуваат, затоа што само на тој начин ќе се избориме против ова зло.

Оваа кампања на Владата предизвика бура реакции на социјалните мрежи, најголем дел од нив негативни.

-“Корупцијата не се исплатела”!!??! Познавате ли некој осуден припадник на власта за корупција и криминал? Или сите се “светци”?

-Конечно погодиле слоган црпковци, СЕГА СЕ Е ЈАВНО! Апла крадат без усул и срам, Лидија Димовска каде е? Ден Дончев им избеда?… Милион предмети за корупција се заташкуваат, Вице Н никој не го познава? ГНОЈ!

-Вака нема мито ниту корупција. Се е договорено прво на телефон и надвор од очите на другите. Каква глупост е ова, не можеш да ги сватиш озбилно.

Од Владата не соопштија колку буџетски пари чини оваа кампања. Инаку, корупцијата кога е во прашање, бројките за Македонија се и повеќе од загрижувачки. Во последната анализа на Транспарени Интернешнл , Македонија е на катастрофалното 111-то место, а лоши оценки дојдоа и Стејт Департментот.

Матеја Петровски