Потресно сведоштво на Ивана – ќерка на преживеан во несреќата; 14 пациенти починаа во пожарот, нема настрадани здравствени работници

Врисоци,лелеци за помош, пламени јазици кои многу брзо се заканувале и навестувале дека се ќе изгори до темел.Буквално пет минути имале време, тие што успеале да се спасат во синоќешниот страотен пожар,во кој изгоре модуларната болница во Тетово.Потресно сведоштво на ќерка на преживеан во трагедијата.Ивана за Алфа ги раскажува неколкуте минути кои цел живот ќе ги памети.

Според досегашните официјални информации, во пожарот се загинати 14 лица.Причините сеуште не се познати,се претпоставува дека пожарот избувнал како последица на електричната инсталација.Увидот траеше до пладне, а постојано дежура и противпожарна екипа.И пожарникарите сведочат за големата трагедија.Три возила и цела дежурна екипа гаснеле и се обидувале да евакуираат што повеќе пациенти.

Во Тетово е прогласена тридневна жалост,а општината ќе додели и финансиска помош на семејствата на загинатите во пожарот.Преживеаните во трагедијата згрижени се во ковид центарот на интерното одделение и се во стабилна состојба.Јавноста бара одговори, но и одговорност,а засега како што дознава Алфа,оствака дал само економскиот директор на болницата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста