Потресни сведоштва на повредените преживеани – како се спасија седум патници?

Потресни сведоштва споделуваат преживеаните патници во автобуската несреќа во која меѓу настраданите има и 12 деца. Најмладите жртви во автобусот се близначиња кои имале по четири години, додека најстариот е на 63-годишна возраст. Лулзим Сулејмани од Прешево седел на претпоследното седиште во автобусот кој во понеделникот од Истанбул тргнал на пат кон Скопје. Кога се случила несреќата тој бил буден и свесен за се што се случува околу него. Кога возилото почнало да гори успеал да го скрши страничното стакло на автобусот, ја испружил раката и ја повлекол со себе својата свршеница од Куманово, која не можела да оди, поради повреда на нозете. За последните мигови од несреќата тој сведочеше пред истражните органи во Бугарија. Сулејмани кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел. И покрај тоа што бил повреден, тој им помагал и на неколкумина други патници што побрзо да излезат од опожарениот автобус. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста