Потресни сведоштва на цивили – „Имаме храна и вода за само неколку дена“

„Има храна и вода уште само за неколку дена“ – со солзи во очите сведочи украинката Олена Гнес, мајка на три деца. Држејќи новороденче во рацете открива како изгледа животот во подрум од зграда во Киев, кој моментално им служи како засолниште од руските брутални напади. Во страв дека ќе останат без храна, целосно свесни за мрачната ситуација, единствена опција им била да се засолнат.

Имаме уште малку вода во шишето. Денес го замолив еден од нашите момци, да оди дома да ја донесе целата храна од подрум, ситуацијата е многу сериозна, но изгледа луѓено се уште не можат да ја прифатат. Не можат да поверуваат колку е сериозно – вели Олена Гнес.

Гнес забележува – алармантната состојба во кризните подрачја на Украина создава страв и паника меѓу луѓето, а овие трауми уште долго ќе останат врежани во сеќавањата на малите деца. Жените пак, загрижени и за своите сопрузи, кои како украински војници се на првата линија на борбата.

Додека едни се кријат во засолништа, други масовно ги напуштаат украинските градови. Сликата во Лавов е многу поинаква од Киев. Возрасните со куфери, децата со играчки во рацете и збунет и тажен поглед, потпомогнати од хуманитарните акции на УНИЦЕФ, полека го напуштаат украинскиот град.

Единствениот начин да се избегно егзодусот на луѓето, е да ги задржиме семејствата заедно, секако со поддршка, додека конфликтот не заврши – истакна портпаролот на УНИЦЕВ од железничката станица во Лавов.

Во меѓувреме, Европската комисија најави дека ќе обезбеди привремена социјална и здравствена заштита, дозволи за престој и работа во следните три години.  

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста