Потпишала ли навистина Катица од Шутка за примопредавањето на предметите?

Во законот за СЈО никаде не пишувало дека специјалната јавна обвинителка треба да заверува писма на нотар, кога ги испраќа до вработените вака министерката Рената Дескоска  одговори кој гарантира дека притвореничката Јанева  е авторка на трите писма испратени од Шутка.

Но во законот за СЈО никаде не пишува и дека ако шефицата на СЈО е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и издржува мерка притвор, од истражен затвор може да издава наредби, па дури и да му наредува на државниот јавен обвинител.

Содржината и формата на трите писма засега се тајна. Зошто не се знае? Алфа ги побара од СЈО но едноставно, без образложение, рекоа нема да ги објават. Останува нејасно зошто се кријат кога не се класифицирани документи.

Во државното обвинителство Јовески тврди дека стигнале две писма, нивната содржина и кој се го прочитал останува тајна. Но и оттука велат дека во јавноста писмата нена да се објават бидејќи биле интерни документи.

Катерина Гетева