Поткуп на гласачи и организирано гласање на неколку локации во Кочани, во Штип мирен изборен ден

Во основното јавно обвинителство пристигнати се шест известувања за евентуални изборни нерегуларности во Кочани. Пријавите се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места. Четири од пријавите се од една политичка партија , а Основното јавно обвинителство постапува по нив. Повеке од десет часа трае овој изборен процес и додека во Кочани се регистрирааат евентуални нерегуларности, во Штип засега е мирно.

До 15часот на овие предвремени парламентарни избори во третата изборна единица своето право на глас го искористиле 37,24% од гласачите.Лидер  останува Пробиштип, а Виница по бројот на излезност е последна во третата изборна единица.  Споредбено со податоците од претходните парламентарни избори во 2016 година  во 13часот излезеноста била 38,51 % ,за разлика од овие избори кога во истиот период излезноста е 29,72%

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста