ПОТЕНЦИЈАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ ЗНАМЕНОСЕЦ ВО ТОКИО РАЗМИСЛУВА ЗА ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ (ВИДЕО)

Теквондистот Дејан Георгиевски кој минатата недела во Сараево освои ново одличје на Европските сениорски првенства, при гостување во утринската програма на Алфа повтори дека главна цел и натаму му е учество на Летните Олимписки игри, а таму во Токио, со добра жрепка и остварување на сонот на секој спортист. Георгиевски на шампионатот на стариот континент имаше три триумфи и несреќно, и со пресврт, загубено финале што му овозможи сребро, кое оди во колекцијата со златниот медал од пред три години.
Во продолжение дел од гостувањето на Дејан Георгиевски и претседателот на ТФМ Борче Костовски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста