Поставен нов светски рекорд на 5 000 метри

Светот има ново најдобро време кога во прашање е една атлетска дисциплина. Џошуа Чептегеи од Уганда е сопственик на новиот светски рекорд на 5000 метри, откако на митингот од Дијамантската лига кој с еодржа во Монако сопменатата делница ја истрча за 12:35.36 мин. Чептегеи го поправи за една секунда и 99 стотинки досегашното најдобро време на планетата на 5 000 м кое го постави легендарниот Етиопјанец Кененисa Бекеле уште во 2004 година. Чептегеи инаку е актуелен светски првак на 10 000 метри, а со настапот на арената Луј Втори во Монако покажа дека паузата поради пандемијата во атлетиката не влијаела многу на неговата форма.