Постарите од 40 години треба да работат 3 дена неделно

Elderly husband and wife with touchpad networking at leisure

Извештајот објавен во “Melbourne Institute Worker Paper”, покажа дека постарите од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена или помалку.

Истражувањето е спроведено на 3.000 мажи и 3.500 жени кои одговорија на прашања за своите работни навики, решавајќи когнитивни тестови и донесувале заклучоци.

Тоа значи дека морале да читаат наназад, на глас и да ги спојат броевите со буквите за одредено време.  Задачите ги решавале многу лесно до 25-тиот работен час, а потоа се послабо.

Изненадувачки е дека луѓето кои се во пензија, како и невработените, постигнуваат подобри резулати на когнитивните тестови на интелегенција од оние кои работат повеќе од 55 часа неделно, а стандардното работно време е 40 часа неделно.

„Бизнисот е всушност меч со две острици. Од една страна може да го стимулира мозокот, а од друга страна долгото работно време може да предизвика стрес и потенцијално да ја ослабе когнитивната функција“, нагласи еден од авторите на истражувањето Колин Мекензи.

Advertisements