Постанува ли реката Треска депонија?

Наместо со риби, Треска полна со смет. Обилните врнежи за викедот резултираа со излевање на реката. пластични шишиња, лименки и секаков вид на отпад излегоа на површината. Во близина на кичевските села Карбуница и Староец, Треска личи на депонија.
Историјата се повторува редовно, а годинава тоа е изразено многу повеќе од предходните, раскажуваат жителите од кичевскиот крај пред камерата на Алфа. Како да се реши овој проблем?
- Депонија. Само депонија и санкиции за оние кои го ствараат, што го фрлаат ѓубрето. Несовесно. Во реката има и шпорети електрични и фриждери и троседи и нема што нема. Се се фрла во реката – рече Родољуб Мастески-пчелар од Кичево.
Вознемирувачка е сликата и од Охридско езеро. Езерото исфрли купишта пластични шишиња и кеси, стаклена амбалажа и уште што не на брегот во должина од 5км. Овие слики ја откриваат некултурата и недостигот на свест кај голем дел кај македонските граѓани за заштита на животната средина.
Викторија Миткова