Последни пет заостанати натпревари за комлетирање на плејофот во домашната кошарка

Со еден заостанат натпревар денеска, а со два утре и задутре ќе се комлетира регуларниот дел од кошаркарскиот Прволигашки шампионат, со што ќе се дефинираат и двојките меѓу осумте екипи кои ќе разигруваат во плејофот. МЗТ Скопје попладнево го дочекува Куманово, а в петок Металците гостуваат кај Црн Дрим. Две последни пресметки преку кои можат да ја заверат втората позиција во пресрет на завршницата. Куманово покрај денешниот меч кај МЗТ Скопје, в петок му гостува на Вардар, и за нив потребна е една победа за сигурен прогрес во плејофот. Утре, Пелистер го дочекува Работнички во директна пресметка за лидерската позиција, а Гостивар се среќава со ТФТ во битка за петотто место. Плејофот е предвиден да почне на 17 мај, ден по завршницата во Националниот Куп.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста