Последни четири ден од предизборната кампања

Меѓусебни препукувања, лични навреди и заострување на реториката- партиските митинзи влегуваат во финалето. На четири дена пред крајот на партиските митинзи, се повеќе се зголемува и црната кампања , оценува за Алфа аналитичарот Алберт Муслиу. Најавува дека до изборниот молк ќе кулминира негативната кампања, особено на социјалните мрежи.

  • На почетокот се трудеа да го оддржат нивото, имаше презентирање на проекти, на програми, но како се наближува крајот на кампањата се губи трпението, и започнуваат пожестоко со негативна кампања..- вели Алберт Муслиу – аналитичар.

Но не само негативната кампања која ја водат партиите во трката за добивање на локалната власт, во ова предизборие доминираа и недоличните гетикулации на политичарите. Кулминација е онаа на премиерот…

Кампањата ја карактеризира и повторното мешање на партиските и државните функции. За дел од нив Антикорупциска веќе отвори и случаи, како за мешање на позициите, но и користење на службените ресурси за партиски цели. Експертите велат дека ваквите случаи не се новост, но на потег се институциите за делуваат соодветно.

  • Тука има и политичка има и законска одговорност. Законската треба установи Антикорупциската комисија, треба да ја установи Комисијата за борба против корупцијата, а во случај на злоупотреба на ресурсите на државните институции, а од друга страна вие не можете да ги разводите личностите.. вели Алберт Муслиу – аналитичар.

Кампањата завршува на петок на полноќ, по што стапува предизборниот молк до крајот на гласањето во недела до 19 часот.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста