Последна шанса од „УНЕСКО“ за Охрид – локалната власт најавува дека ќе дејствува

Дислокација и санирање на дивата депонија во Буково,отстранување на сите дивоградби вдолж крајбрежјето,усогласување на деталните урбанистички планови со Планот за управување со Унеско,донесување на нов генерален урбанистички план за град Охрид,реажурирање на инвентарот на бесправни објекти, се само дел од новите препораки на Унеско,кои општината мора да ги спроведе во наредните 2 години. Градоначалникот Георгиески кажа дека ќе се расчистувале и дивоградбите во Националниот парк Галичица, ама дури во 2023-та година, пред истекот на рокот кој ни даде Унеско.

Сите задолженија што се во надлежност на општината ќе ги исполниме,ама и ресорните министерства како она за транспорт и врски и култура, да си ги исполнат обврските, рече Георгиески додавајќи дека не оти тие не ги исполнувале и до сега задачите,туку реакривната мисија на Унеско дошла предвреме.

  • Препораките кои што ги имавме во 2017-та година и кои што беа на сесија во Баку во 2019-та имавме ние задолженија да ги завршиме до јуни 2020-та,меѓутоа реакривната мисија дојде после само 6 месеци и извештајот кој што беше сега на разгледување на сесија не ги содржеше сите напредоци во однос на тој тајм фрејм кој што беше помеѓу реактивната мисија и сесијата која што беше онлајн-рече Константин Георгиески-градоначалник на Охрид.

Независно што невладините организации и дел од медиумите акцијата за рушење ја сведувале на само неколку платформи,општината расчистила 32.000 метри квадратни од крајбрежјето.

Од Охрид СО пак велат, на 44. Седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, македонските власти повторно добија дозвола за уништување.

  • ОХРИД СОС: Она што гледаме дека ги мотивира се интересите на урбаната мафија и лажирањето – замајувањето на јавноста со продуцирање документи и минимален, спорадичен, најчесто стратешки кампањски ангажман на терен, толку колку да има што да се напише во бедните 30 страници (сосе слики) до Центарот за светско наследство. Да беа мотивирани, енергијата која ја трошат на убедување да добијат дозвола за уништување, ќе ја пренасочеа на одлучна акција за справување со заканите кои го доведуваат во прашање опстанокот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

44. Седница на УНЕСКО се сведе на фарсична парада на медиокритети, опортунисти и политички искомпромитирани фигури.Делегатите на Комитетот за светско наследство наместо да носат одлуки согласно со Конвенцијата за светско наследство, работеа во интерес на крупниот капитал и владите кои го загрозуваат и масакрираат светското наследство за акумулирање профит и моќ.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста