Последен извештај на ЦГК: Слабости и корупција во македонските јавни набавки

И најновиот извештај по мониторингот на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации, покажа слабости и корупција. Договарања во четири очи меѓу институциите и понудувачите, електронска аукција во над 90 отсто од случаите, ова укажува на манипулации и корупција – се констатира во извештајот. 

  • Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91% од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите, информира ЦГК.

Посочувајќи ги клучните наоди од Извештајот, Центарот за  комуникации соопшти дека постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата. Според наодите, во првото полугодие од 2021, преку нетранспарентната постапка, со преговарање, без објавување оглас, се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра и тие слабости, како што наведува Центарот, се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.

  • На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда. Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 проценти, соопшти Центарот за граѓански комуникации.

Во мониторингот е забележано дека честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста