После се што прифатија дали сега може да му се верува на СДСМ дека нема да прифати уцени од ДУИ?!
-ДУИ заминува во опозиција. Pse JO BDI ne opozit? Зошто не ДУИ да биде опозиција, велеше Заев во кампањата пред четири години, велеше Заев.
Го испратија ДУИ во опозиција, па го одбиваа предлогот на Ахмети за премиер – Албанец, па сега декларативно не го прифаќаат барањето на лидерот на ДУИ, претседателот на Македонија да се бира во Собранието. Може ли да му се верува на СДСМ откако во изминативе седум години погазија се што ветија и најавија кога се интегративците во прашање.
Преку партиско соопштение кажаа дека не прифаќаат модел на претседател во Собранието, но партискиот лидер во својот последен јавен настап – не го кажа тоа. Само рече дека не сакал да коментира, бидејќи било кампања.
-Ако вие зборувате за промена на Устав, тоа зависи од две третини. Така да не би ги коментирал бидејќи во наредните 80 дена, помалку од 80 дена ќе слушнеме многу предлози кои што на крајот на денот граѓаните на осми мај ќе кажат, кои се тие предлози кои што тие ги сакаат, изјави Ковачевски.
А партиското соопштение каде велат деак се против, дојде вечерта по оваа изјава на Ковачевски, кој не кажа дека е против. Дали од СДСМ се обидоа да го извадат својот лидер.
Според познавачите не може да се верува на она што социјалдемократите го зборуваат на тема ДУИ во предизборната кампања. Политичкиот аналитичар, Александар Ристевски вели тоа се покажало многу пати досега.
-СДСМ во неколку наврати повторди неколку работи, тоа е во основа кога зборува за вака големи ветувања и работи кои се стратешки за значењето за државата и македонскиот народ, потврди дека едноставно не може да излезе од таа матрица на лажење буквално речено. Ова што се случува од 2016-та, поточно 2017-та па навака само потврдува една работа, дека како политичка структура се структура да кажат буквално се, вели Ристевски за Алфа.
Кога е во прашање понизноста на СДСМ кон ДУИ може да се напише книга. Заев и во две кампањи, во 2016-та и 2020-та ги испраќаше во опозиција. И тогаш тврдеа дека не прифаќаат уцени од ДУИ.
-Крајно време е после 17 години и ДУИ да замине во опозиција. Доволно е! Уцени нема да прифаќаме од никој, затоа да одат во опозиција и малку да заздравеат како партија, велеше Заев.
СДСМ немаше да дозволи ниту премиер на предлог на ДУИ.
-Овој вид на кампања е прво лош за ДУИ. Со ваквиот вид на кампања едно е јасно, ДУИ ќе оди во опозиција, тоа е сигурно, велеше Заев.
За Заев не постоеше ниту Tиранската платформа, но таа веќе со години е реалност. Како производ од овој документ се појави законот за јазици, изгласан во 2018-та, а специјално формирано и Министерството на Артан Груби.
–Кој бе тоа ќе спроведе во Струмица, во Радовиш, во Прилеп, во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени, до каде забегаа. Зборува дали лекарот ќе направел проблем, па живот ќе се загубел, велеше Заев.
Наместо опозиција, ДУИ ги доби главните ресори во Владата, покрај тоа што моментално имаат премиер, имаат министер за надворешни работи, а раководат и со парите, бидејќи во нивните раце се финансии и економија.
Матеја Петровски